ДИМИТРИЕВСКИ: САКАМ ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО СЕРИЈА БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ!

Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, но..!

Започнаа подготовките за претстојните два натпревари во Лига на нации, против Лихтенштајн на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори"' во Скопје и Ерменија на гостински терен во Ереван на 16. октомври.

објавено: 8 октомври 2018 - 12:45

„Реков дека мора да се мисли единствено на Лихтенштајн, а потоа на се друго. Мора да ја оправдаме фаворитската улога. Сменети се во однос на минатите мечеви со нас, седум-осум играчи кои веќе имаат професионално искуство. Значи, не бегаме од фаворитската улога, но од друга страна тешко е секогаш да го победуваш истиот противник", изјави селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Нашиот стратег додаде дека со првата победа над Лихтенштајн би имале сега веќе девет бода и тоа секако дека ќе биде дополнителен притисок за Ерменија.

Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски и воедно чувар на мрежата на шпанскиот клуб Рајо Ваљекано:

„Среќен сум што повторно тука за репрезентацијата и се надевам дека се ќе биде како што треба и дека ќе ја исполниме целта. Сакам да продолжиме со серијата на мечеви без примен гол".

 

Да потсетиме, во првите две гола со 0:2 на гостински терен беше совладан Гибралтар, а со истиот резултат триумфиравме дома над Ерменија.

Најново во Фудбал