ЗА ДУЕЛИТЕ СО ЛИХТЕНШТАЈН И ЕРМЕНИЈА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ

Ангеловски ќе смета на Хасани и Адеми!

Ферхан Хасани веќе игра стандардно во АЛ Раед, додека Аријан Адеми заздрави од повредата. Ѓоко Зајков најверојатно и овој циклус ќе го пропушти поради повреда.

објавено: 29 септември 2018 - 09:00

Иако рано е уште за објавување на списокот за дуелите со Лихтенштајн и Ерменија, како што дознаваме, селекторот Игор Ангеловски ќе смета на Аријан Адеми и Ферхан Хасани.

Првиот почна со играње во Динамо Загреб и заздрави од повредата, додека Буба е стандарден во Ал Раед во Саудиска Арабија и ќе може да игра и за нашата најдобра репрезентација.

Од друга страна пак Ѓоко Зајков и натаму е повреден и ќе мораме без него а Дарко Зелковски веќе доби покана да се јави на собирот кој е закажан за 8 октомври. Да потсетиме дека со Лихтенштајн играме на 13 октомври а со Ерменија три дена подоцна, и двата меча се во рамките на Лигата на Нации.

Најново во Фудбал