ОБЈАВЕН СПИСОКОТ ЗА ДУЕЛИТЕ СО ЛИХТЕНШТАЈН И ГИБРАЛТАР

Ангеловски ги врати Велкоски и Илиев

Селекторот Игор Ангеловски ги објави имињата на 21 фудбалери на кои ќе смета на последните два меча во Лигата на Нации.

објавено: 8 ноември 2018 - 12:06

Со Крсте Велкоски и Дени Илиев како повратници, но и со сите оние други 19 играчи на кои ќе може да смета, селекторот Игор Ангеловски ќе се обиде да дојде до две победи во последните два меча во Лигата на Нации, со Лихтенштајн и Гибралтар.

Како што и најави „Спортмедиа", Ангеловски ги врати Велкоски и Илиев, а тука не се Стефан Ристовски, Дарко Велковски и Давид Митов Нилсон. Да споменеме дека на првиот меч со Лихтенштајн немаат право на настап Елмас и Алиоски.

 

 

 

Најново во Фудбал