СИТУАЦИЈАТА Е ДОБРА СО РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ И ЧЛЕН НА ШКЕНДИЈА

Радески продолжува да се опоравува во Словенија

Се чувствува далеку подобро, веќе почна и со лесни тренинзи, но се според програмата на докторите, и лицата одговорни за рехабилитација. Тој од вчера е во Словенија каде што ќе работи во бањата.

објавено: 14 септември 2018 - 11:30

Марјан Радески во следните дваесетина дена ќе биде во Словенија каде што во рехабилитациониот центар во бањата Даруварске Топлице ќе работи на опоравување од тешката повреда, а потоа и операција на коленото. Тој веќе се наоѓа во Словенија и веќе почна да работи на програмата која му е дадената од врвните експерти кои рабоатат таму и кои им имаат помогнато на голем број на спротисти од ширум светот, но и од Македонија конкретно.

Само за информација самата Шкендија како клуб низ годините имаше чести проблеми со повреди на фудбалери од ваков тип па многу често играчи на тетовскиот клуб и заминуваа во Даруварске Топлице.

Пред Радески на опоравување таму беа Бесмир Бојку. Егзон Бејтулаи, Бразилецот Јуфо, кој сега е дел од Вардар, а на пример од тој табор пак во Даруварске Топлице заминаа Илчо Наумоски, потоа дел од ракометарите на РК Вардар како и многу други.

„Ситуацијата засега е добра. Почнав да се опоравувам, да трчам полесно, и сега следува финишот што се вели на рехабилитацијата во Словенија. Би требало да биде се во ред" - ни изјави Радески пред да замине за Даруварске Топлице.

Најново во Фудбал