ЗАВРШИ ФУДБАЛСКОТО ПРВЕНСТВО

Работнички си обезбеди излез во Европа и го прати Скопје во Втора лига

„Романтичарите“ успеаа да го задржат третото место на табелата, а извиси тимот на Шкупи, кој убедливо со 4:1 го растури Вардар за крај

објавено: 20 мај 2018 - 18:19

Работнички и Победа се екипите кои најмногу се радуваат по завршување на последното коло од фудбалското првенство на Македонија. „Романтичарите“ со 3:2 го победија Скопје и со трите освоени бода го задржаа третото место на табелата, кои им овозможува излез во Европа. Во исто време, поразот за Скопје значеше и испаѓање од елитното друштво. 

Победа на свој терен со 1:0 ја победи Ренова и на тој начин обезбеди опстанок. Прилепчани сепак не се дефинитивно спасени, бидејќи ќе играат бараж за опстанок во Прва лига и тоа против тимот на второлигашот Борец. 

Шкупи убедливо со 4:1 го растури најголемото разочарување сезонава, тимот на Вардар. Чаирчани се „на чекање“ и се надеваат дека Шкендија ќе го освои Купот на Македонија, за да може Шкупи да излезе во Европа. 

Резултати од последното коло: Шкупи - Вардар 4:1, Шкендија - Пелистер 4:0, Работнички - Скопје 3:2, Победа - Ренова 1:0, Академија Пандев - Силекс 1:2. 

Конечна табела: Шкендија 91 бодови, Вардар 56, Работнички 52, Шкупи 51, Силекс 50, Академија Пандев 42, Ренова 41, Победа 38, Скопје 35, Пелистер 34. 

Најново во Фудбал