ПО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ е нерешено

Работнички поведе, па прими евро гол од 30 метри за 1:1 (Видео)

„Романтичарите“ уште по првите 45 минути не ја исполнија посакуваната цел, да не примат погодок на свој терен

објавено: 11 јули 2018 - 18:22

Работнички и Хонвед играат 1:1 по првите 45 минути на теренот креј ФФМ, во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Македонскиот тим почна како што посакува и поведе со 1:0. Петар Петковски доби една топка од средината на теренот и успеа рутинирано да го совлада гостинскиот голман. 

Погодкот и водството кое беше посакувано пред мечот, беше остварено во 34 минута. Сепак радоста на „романтичарите“ не траеше долго. се играше судиското надополнување кога Наѓ со прекрасен шут од далечина успеа да го изненади домашниот голман Божиновски и израмни на 1:1. 

Најново во Фудбал