СЕПАК ОДЛУЧИ ДА ОСТАНЕ СО ЛОНДОНСКИТЕ СИНИ НА СТЕМФОРД БРИЏ

Пропадна најголемата летна желба на Флорентино Перез!

Најголемата желба за ова лето, после продажбата на Кристијано Роналдо, беше да се доведе белгискиот тандем Тибо Куртоа - Еден Азар од Челзи.

објавено: 19 август 2018 - 21:45

Првиот дојде и веќе се вклопи на „Сантјаго Бернабеу", а вториот...е тој остана на „Стемфорд Бриџ" иако и тој посакуваше да биде во авион за Мадрид.

Азар и јавно призна дека трансфер нема да се реализира, затоа што Челзи не успеа во таков краток рок да најде идеална замена за него.

„Преодниот рок ова лето заврши, Челзи не можеше да ми пронајде замена, мора да гледаме напред", рече помалку незадоволниот белгиски репрезентативец.

Најново во Фудбал