НОВИНАРИТЕ ГО ПРАШАА КАПИТЕНОТ ЗА СЕНЗАЦИОНАЛНИОТ ТРАНСФЕР

Пандев го искоментира доаѓањето на Роналдо

„Навистина ми претставува чест што ќе ја завршам кариерата во Џенова. Јас и моето семејство се чувствуваме тука многу добро. Џенова е едно историско и важно општество", се зборовите на нашиот интернационалец во пресрет на новата сезона.

објавено: 11 јули 2018 - 17:14

Свесен, но не и загрижен поради силната конкуренција во неговата улога, тој е среќен што играчите како него или Кришито со нивното искуство можат да бидат пример за младите.

Горан Пандев исто така е среќен поради доаѓањето на португалската ѕвезда во Торино, присутност на еден вистински шампион.

„Доаѓањето на фудбалер како Кристијано Роналдо е добро за целиот фудбал во Италија се радувам што потпиша во Јувентус".

Најново во Фудбал