АВСТРИЈЦИТЕ ОСТАНУВААТ НА ПАТОТ ДО ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЛШ

Мируваат мрежите на Шкендија и Салцбург

Немаше голови во првото полувреме на „Филип Втори" Арената во Скопје на реванш натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите помеѓу Шкендија и Салцбург (0:0).

објавено: 14 август 2018 - 21:11

Засега не успеваат избраниците на тренерот Ќатип Османи да ја анулираат негативата (0:3) од Австрија, па останува со надеж дека погодоците ќе дојдат во вториот дел.

Но, и свесни дека немаат лесна задача против „биковите" кои први дојдоа до сериозна шанса за реализација, но неуспешен во својот обид беше најопасниот кај противникот, Израелецот Дабур.

Три минути подоцна Ибраими се закани од слободен удар, но гостинскиот голман Станковиќ го блокираше неговиот удар. И Тотре се најде во прилика, но и тој не го пронајде патот до мрежата.

Во првите 20. минути без сомнение тетовци ги надиграа своите ривали, со повеќе интензитет и цел, но недостасуваа само погодоците.

За период од 180. секунди Ибраими го испроба двапати повторно својот удар од слободен удар, но остануваше непрецизен, Станковиќ одново правовремено реагираше. Во 41. минута Австријците се заканија овојпат преку Волф, а и Захов имаше што да каже на дуелот. Голманот на тетовските „црвено-црните“ за кратко време излезе како победник и против Јабо.

Се обидува со сите сили нашиот шампион да дојде до посакуваните голови што би го направиле уште поинтересен овој дуел, а од друга страна како „незаинтересирани" делуваат играчите на Росе, но сигурно ги запираат сите налети на домаќините..

Статистички во првите 45. минути, Салцбург имаше пет удари, еден во рамките на голот на Захов, а Шкендија четири удари од кои два во рамките на голот на Станковиќ.

Најново во Фудбал