НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“

ЛЕ: Работнички со „минималец“ патува во Унгарија (Видео)

Во првите 90. минути од стартното квалификациско коло на Лига Европа, избраниците на Ѓоре Јовановски триумфираа со 2:1 против Хонвед.

објавено: 11 јули 2018 - 19:22

Поголема теренска иницијатива со повеќе шанси околу голот на Божиновски во првото полувреме имаше гостинскиот тим кој беше бодрен од околу 100-150 свои навивачи.

„Романтичарите" воглавно ја бараа шансата од полуконтрите, а и самите топли временски услови на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" ги направи уште потешки нозете на двете страни.

Главниот судија од Естонија точно после 25. минути игра се одлучи за мал прекин екипите да се освежат, а тоа го искористија двајцата тренери Супка и Јовановски за дополнителни совети.

Македонскиот тим искористи една невнимателност и дупка во одбраната на Унгарците, Петковски беше најбрз и рутинирано го пронајде патот до мрежата за водство од 1:0 во 34. минута.

Непосредно пред паузата (45+1) Наѓ на еден прекрасен начин од околу 30. метри испрати вистинска „бомба" за израмнување (1:1).

Во вториот дел нашиот претставник одигра многу подобро и похрабро, а тоа резултатираше со нова минимална предност, од левата страна асистираше Стевановиќ, убаво го пронајде Шаркоски за радост кај домашните навивачи и поставување на конечниот епилог во 60. минута.

Работнички: Божиновски, Херера, Најдовски, Митрев, Стевиќ, Бопесу, Стјепановиќ, Пеев, Петковски П. (Џефри Чинеду 79'), Стевановиќ (Садики 88'), Шаркоски (Петковски Ф. 71').

Реваншот помеѓу Хонвед и Работнички ќе се одигра на 17. јули во Будимпешта.

Најново во Фудбал