ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФФМ СО ПОЧЕТОК ОД 13 ЧАСОТ

Утре ждрепката за 1/2 финалето во Купот

Дали ќе има струмичко полуфинале ќе дознаеме утре нешто после 13 часот кога А. Пандев, Беласица, Македонија ЃП и Победа ќе ги дознаат своите ривали.

објавено: 6 декември 2018 - 10:08

Утре во 13 часот во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија ќе биде извршена ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија.

Првите натпревари се закажани за во март следната година, а реваншите во април. Дали ќе има струмичко полуфинале, односно дуел меѓу Академија Пандев и Беласица, или можеби и финале ќе дознаеме по ждрепката.

Останатите две екипи се Победа и Македонија ЃП. Од сите четири екипи само прилепчани и „лавовите" имаат финале и го освојувале пехарот во Купот.

Најново во Фудбал