ТЕТОВЦИ ВОДАТ ПО ПРВИОТ ДЕЛ

Полувреме: Муслиу со глава „забива“ за предност на Шкендија

После нафрлена топка од Хасани во 20. минута, Муслиу донесе предност за тетовските „црвено-црни“

објавено: 23 мај 2018 - 20:56

Низ целосна доминација во играта и во шансите, Шкендија успеа да дојде до предност во големото финале, и дополнително да се доближи до двојната круна. 

Се играше 20. минута кога Хасани од левата страна нафрли, а Муслиу со глава ја „заби“ топката во горниот агол од голот на Атанасовски. Голманот на Пелистер спасуваше и поубедливо водство по грешката на одбраната на Пелистер, и лошо вратената топка кон него. Пелистер жестоко се брани, Шкендија напаѓа, и засега тетовци имаат добра предност. 

Инаку дождот им прави големи проблеми на фудбалерите на двата тима во текот на првиот дел. Во еден момент откажа и дел од осветлувањето на „Младост“. 

Најново во Фудбал