ДВАЈЦАТА ТРЕНЕРИ ГИ ИСКАЖАА ИМПРЕСИИТЕ ПОСЛЕ ФИНАЛЕТО

Османи: Целото првенство бевме на највиско ниво; Хусеин: Шкендија ја оправда улогата

Поразениот на крајот изрази честитки на победникот во ова финале и ја призна доминацијата на Шкендија во него

објавено: 23 мај 2018 - 22:32

Ќатип Османи како победник, и Неџат Хусеин во улога на тренер на поразениот тим, после натпреварот ги искажаа своите импресии од одиграното финале на Купот на Македонија. Нормално, Османи не го криеше задоволството од освоениот пехар, додека според популарниот „Џате“, големите проблеми влијаеја да Пелистер не може да биде рамноправен. 

„Честитки на сите во Шкендија за освојувањето на двојната круна. Целиот шампионат го одигравме на највисоко ниво, а на Пелистер му посакуваш што побрзо да се врати во Првата лига. Пресуден момент беше првиот гол што го постигнавме во вистински момент. Времето беше такво какво што беше, и ние не можевме да влијаеме на него“, рече Османи. 

Хусеин мораше да му честита на својот колега. 

„Шкендија го оправда епитетот фаворит. Пелистер оваа полусезона ја одигра со мал фонд на играчи, и тоа по распоред среда - недела - среда. Ние имаме проблеми во составот и седум повредени играчи. Што се однесува до временските прилики, на судиите беше да одлучат дали да го прекинат мечот. А Шкендија имаше повеќе подговени играчи, и доминираше на терен и на едно вакво тешко време“, изјави тренерот на Пелистер. 

 

 

 

Најново во Фудбал