ПОЗНАТИ ОСМИНАФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

На Кораб му се посреќи, Шкендија го доби Кит Го, Вардар против „лавовите“

Познати се осминафиналните двојки во Купот на Македонија. Второлигашот Кораб ќе оди директно во четвртфиналето во најмасовното клупско натпреварување. 

објавено: 13 септември 2018 - 12:49

Интересни осминафинални дуели ќе гледаме во Купот на Македонија. Бранителот на титулата, Шкендија го доби Кит Го, а додека Вардар ќе игра против незгодниот ривал Македонија ЃП. Ждрепката беше најмногу среќа на Кораб, кој директно ќе патува во четвртфиналето.

Првите натпревари ќе се одиграат на 19 овој месец, додека реваншот е закажан три недлеи подоцна. 

Двојки 1/8 финале: Шкендија - Кит Го, Вардар - Македонија ЃП, Тиквеш 1930 - Работнички, Гостивар - Победа, Скопје - Силекс, Брегалница - Академија Пандев, Пелистер - Беласица, екипата на Кораби директно се пласира во 1/4 финалето.

 

Најново во Фудбал