БЕЛАСИЦА ПАК ГО ПРЕСЛУША СИЛЕКС, НОВА ГОЛЕАДА НА „ПАНДЕВЦИ“

Куп: Макота ја „шутна“ Шкендија, „лавовите“ го елиминираа Работнички! (ВИДЕО)

Денеска се одиграа реванш четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија каде што се случија неколку изненадувачки елиминации.

објавено: 5 декември 2018 - 15:18

После првиот меч Победа имаше позитива од 1:0, а на возвраниот дуел се надмина себеси постигнувајќи уште два гола против досегашниот бранител на титулата, Шкендија.

Иако тетовските „црвено-црни" пред мечот ја имаа фаворитската улога, на крајот не ја оправда истата и претрпе уште пораз, односно голема радост за прилепската екипа донесе Макота со голови во 23. и 57. минута од средбата.

Изненадување приреди и тимот на Македонија ЃП елиминирајќи го Работнички и тоа со две победи. Откако на првиот меч славеше со 2:0, сега повторно без примен гол триумфираа „лавовите" со 1:0 со голот

Беласица со ист резултат како на првиот дуел (2:0) беше подобра од Силекс, а Академија Пандев односно приреди гол-шоу и тоа уште повисоко во двомечот со Кораби. Севкупно „пандевци" со 9:2 го елиминираа тимот од Дебар.

Куп на Македонија (2018/2019)

Четвртфинале, реванш:

Беласица-Силекс 2:0 (2:0)
Кораби-Академија Пандев 1:6 (1:3)
Победа-Шкендија 2:0 (1:0)
Работнички-Македонија ЃП 0:1 (0:1)

(во заграда се резултатите од првите натпревари)

Најново во Фудбал