ОТКАКО НЕ ДОБИ ШАНСА НИТУ КАЈ БАБУНСКИ НИТУ КАЈ ВАСОСКИ

Колевски на позајмица во Борец

Младинскиот репрезентативец на Македонија, по потрага по минутажа, ќе го засили тимот на Борец.

објавено: 22 јули 2018 - 09:46

Екстра талентираниот напаѓач, Бојан Колевски не успеа да се наметне кај Бабунски, а на неговите услуги не смета ниту Александар Васоски. Па така, кариерата овој млад фудбалер ќе ја продолжи во Борец, кадешто ќе дојде како позајмен играч.

Од оваа позајмица корист ќе имаат и велешани, кои ќе добијат напаѓач со голем потенцијал, но и Колевски кој конечно ќе ја добие минутажата, која во овие години е многу значајна за неговото фудбалско развивање.

Екипата на Борец е со големи амбиции, сака да ја повтори успешната ланска сезона кога беше на чекор до пласман во Првата македонска фудбалска лига. Раководството силно верува дека Колевски ќе помогне во таа намера, па се очекува 18 годишниот фудбалер во наредните неколку дена и официјално да започне со тренинзи во Велес.

Инаку, Колевски кариерата ја започна во младинскиот погон на Металург, потоа беше на позајмица во Гронинген. Не успеа во Холандија, но за неговите услуги сериозно ,,загриза'' Вардар. Сепак најтрофејниот македонски тим не му даде голема минутажа, и затоа сега фудбалскиот пат го носи во Велес.

Најново во Фудбал