ГОЛ НА ГОСТИ БИ ЈА ОЛЕСНИЛ ЗАДАЧАТА

Јовановски: Секоја победа во Европа е важна!

Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски секако е задоволен што неговиот тим ги стартуваше со победа европските натпревари ова лето.

објавено: 11 јули 2018 - 20:03

Победата од 2-1 против славниот унгарски Хонвед без сомнение носи сериозност на шансите за пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа.

Но, и Јовановски, како што истакна по натпреварот, е свесен дека за да се дојде до тоа ќе мора максимален ангажман и на реваншот во Будимпешта.

„Секоја победа во Европа е важна. Имаме триумф од 2-1 и одиме на реваншот со подеднакви шанси за пласман во следната рунда. Хонвед покажа дека е квалитетен тим, па сосема јасно не очекува уште еден тежок меч во Унгарија. Во Будимпешта одиме да постигнеме гол кој секако многу би ни ја олеснил задачата за пласман во следната рунда европски натпревари", вели Јовановски.

Реванш натпреварот меѓу Работнички и Хонвед во Будимпешта се игра на 17. јули.

Најново во Фудбал