НОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР

Јаховиќ во Топ 5 кандидати за „КРАЛ“ на головите во Турција!

Денеска официјално започнува новата сезона во најсилната турска фудбалска Суперлига, со дуелот од 20:45 часот помеѓу Анкарагучу и Галатасарај.

објавено: 10 август 2018 - 17:45

Секако во центарот на вниманието во текот на шампионатот ќе бидат и настапите на тројцата македонски интернационалци, Елиф Елмас, Адис Јаховиќ и Јани Атанасов.

Елмас блескаше во пред-сезоната, Фенербахче е секако меѓу фаворитите за титулата, т.н. „Дијамант" го покажува својот голем потенцијал во текот на мечевите, освен на пријателските, меѓународните, се очекува така да биде и во домашниот шампионат.

Јаховиќ својата голгетерска форма од Гезтепе ја префрли во редовите на Коњаспор. Многумина изненади со своите игри, уживаше во најдобрата сезона во својата кариера со 14 голови. Се очекува од него повторно да блесне и ги повторно добрите перформанси од минатата сезона.

СЕЗОНА 2017/2018 (Гезтепе 14 голови, Коњаспор 5 голови):

Турците веруваат дека Адис Јаховиќ ќе биде помеѓу најдобрите пет стрелци на крајот од сезоната 2018/19, заедно со Вагнер Лав (Бешикташ), Емануел Адебајор (Истанбул Башакшехир), Бурак Јилмаз (Трабзонспор) и Батефимби Гомис (Галатасарај).

В сабота Фенербахче од 20:45 ч. ќе го пречека Бурсаспор во чии редови според најавите поради повреда на глуждот нема да настапи Атанасов. Претходно од 18:30 ч. Коњаспор пред своите гледачи ќе ги одмери силите против Ерзурум.

Најново во Фудбал