НАСТАПИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ

Иван Тричковски ја „реши“ Висла! (Видео)

Ова лето АЕК Ларнака и Ружомберок играат пријателски натпревари преку кои ја темпираат формата за новата натпреварувачка сезона.

објавено: 12 јули 2018 - 10:50

Словачкиот клуб Ружомберок како гостин со 1:3 триумфираше во Чешка против Карвина, а гол-серијата ја започна Тихомир Костадинов во 11. минута за почетно водство (0:1).

Нашиот 22. годишен играч од средниот ред Тихомир Костадинов настапи до 70. минута. Четири дена подоцна Словаците ќе го имаат новиот тест на свој терен против Тринец.

Кипарскиот тим на АЕК Ларнака, пак, славеше кај полската екипа на Висла Плоцк (0:1) благодарение на нашиот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски во 10. минута кога на „еден на еден" го матираше германскиот голман Томас Дане.

ГОЛОТ НА ТРИЧКОВСКИ

ГОЛОТ НА КОСТАДИНОВ (00:28 МИН.)

Најново во Фудбал