НЕСТОРОВСКИ ЗАЕДНО СО УШТЕ ДВАЈЦА ФУДБАЛЕРИ НА ПАЛЕРМО

ЖИВОТНА ЛЕКЦИЈА: Млади воини кои се борат да ја победат најважната игра! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски заедно со неговите соиграчи од италијанскиот второлигаш, Алберто Помини и Уругваецот Сезар Фалети во посета на Одделот за педијатриска онкогематологија на граѓани.

објавено: 18 декември 2018 - 16:19

Нашиот фудбалер не може да ги опише емоциите, овие млади лица се вистински херои, не треба никогаш да се предаваме во животот:

„Ова утро, заедно со Сезар и Алберто претставувајќи го клубот го посетивме Одделот за педијатриска онкогематологија на Граѓанската болница во Палермо. Не е лесно да се опишат со зборови емоциите кои се чувствуваат, гледајќи во очите на овие млади воини кои се борат секој ден со сета нивна сила да ја победат најважната игра. Благодарност до овие пријатели за животната лекција, никогаш не се предавајте! Ве чекаме на „Ренцо Бербера" да се радуваме заедно", вели Несторовски.

Моментно после 15. кола во италијанската фудбалска Серија Б, составот на Палермо засега ги одржува шансите за враќање во елитата, односно е на првото место со 30 бодови, пред Бреша (27), Лече (26), Пескара (26)...

Како што објавивме претходно Несторовски ќе паузира еден месец поради повреда. Повеќе можете да прочитате ТУКА

 

Најново во Фудбал