ИСМАИЛИ НЕ УСПЕА НИ ВО ВТОРОТО КОЛО

Втор пораз за Чеде во африканската ЛШ

Клубот кој го предводи Чеде Јаневски изгуби на домашен терен од тунискиот Клуб Африкан

објавено: 18 јануари 2019 - 20:58

Исмаили, египетскиот клуб кој го предводи Чеде Јаневски го загуби и вториот меч во групата од африканската Лига на шампиони. По поразот на гости од Мазембе (2:0), сега „Манго момците" изгубија од еден од најдобрите туниски клубови и 13-кратен шампион на оваа земја Клуб Африкан со 1:2.
Исмаили поведе со голот на Шилонго во осмата минува, но колата тргна низ брдо во финишот на првото полувреме. Прво Ајади изедначи од пенал, а пет минути подоцна истиот играч повторно од пенал донесе водство на гостите.
Домашните не успеаја да го свртат резултатот во вториот дел. Инаку мечот беше прекинат на дури 25 минути во финишот поради лошото однесување на навивачите кои фрлаа предмети на теренот.
Идното коло Исмаили ќе игра против Константин од Алжир.

Најново во Фудбал