МАКЕДОНЕЦОТ ЈА ОДРЖУВА ГОЛГЕТЕРСКАТА ФОРМА СО САРАЕВО

Велкоски четврти стрелец, поефикасен од девет екипи во БиХ! (ФОТО)

Сараево во неделата во Кошево ја совлада Звијезда 09 со резултат 3:1 и на едно коло пред крајот на полусезоната во Босна и Херцеговина ја обезбеди титулата есенски шампион.

објавено: 26 ноември 2018 - 14:16

Головите во победничките редови ги постигнаа Бенјамин Татар, Мерсудин Ахметовиќ и македонскиот интернационалец Крсте Велкоски.

Ова трио постигна вкупно 25 голови оваа сезона, што ги прави поефикасни од дури девет екипи во најсилниот босански фудбалски шампионат.

Ахметовиќ постигна девет, додека Велкоски и Татар имаат по осум голови, од ова трио подобри се само Зрињски (29) и Железничар со 26 голови.

Во листата најдобри стрелци во БиХ, Велкоски е на делба на четвртото место, поефикасни од него се само Билбија (14 голови, Зрињски), Крпиќ (13, Железничар) и Ахметовиќ (девет, Сараево).

Најново во Фудбал