ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ДОСЕГА БЕШЕ ДЕЛ ОД ФИНСКАТА ХОНКА

Уште еден Македонец во грчкиот АЕЛ, потпиша Давор Талески!

23-годишниот голман прави уште еден странски трансфер, вкупно втор во неговата досегашна кариера...

објавено: 12 јануари 2019 - 16:50

Давор Талески кој доаѓа од Прилеп оваа година ги бранеше боите на финскиот клуб Хонка со 15 одибрани натпревари. Беше дел од нашата У17 и У21 селекција, Талески потпиша за својот нов клуб, грчкиот тим на АЕЛ со договор на две и пол години.

Пред да се пресели во Финска беше член уште на екипите на 11 Октомври, Металург, Победа и Брегалница.

Да потсетиме, претходно за грчката екипа на Атлитики Енози Лариса потпиша уште еден наш интернационалец, станува збор за Никола Јакимовски кој исто така потпиша две и пол годишен договор.

Најново во Фудбал