МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО ИНТЕРВЈУТО ЗА ШПАНСКИ „АС“

Барди: Убав предизвик со Лео Меси, а мислам дека имам подобар удар од Роналдо!

Енис Барди после настапите во УЕФА Лигата на нации, веќе им се врати на клупските обврски и е повикан во составот на Леванте за саботниот натпревар во Примера против Реал Мадрид на „Сантјаго Бернабеу" (13:00 часот).

објавено: 19 октомври 2018 - 21:14

Репрезентативецот на Македонија непосредно пред овој меч, говореше за еден од најреномираните шпански медиуми, „АС" токму за претстојниот дуел со „кралевите", минатогодишното деби, од каде ваквите „специјалитети" за слободни удари во Шпанија...

„За нас важно е да го извлечеме најдобротo од нас на овој натпревар. Никогаш досега не сум играл против Реал Мадрид, се надевам дека можам да му помогнам на тимот. Ако играме добро, можеме да победиме против секого. Знаеме дека се наоѓаат во лоша резултатска серија и можеме да го искористиме тоа. Не е лесно да се игра против Бетис, Алавес или со Реал Мадрид, имаме добри и лоши моменти, фудбалот е таков", вели Барди.

Запрашан дали новиот систем на Пако Лопез „3-5-2" му одговара, смета дека за него нема никаков проблем и дека може да игра на многу позиции. Најмногу сака да биде во средниот ред, „десетка", најважното е дека едноставно сака да игра фудбал.

-ДАЛИ СЛОБОДНИТЕ УДАРИ СЕ ОД НЕКАДЕ ИНИЦИРАНИ ИЛИ СЕ ВАШИ „СПЕЦИЈАЛИТЕТИ"?-

„Секогаш велам дека ако напорно тренирате, ќе бидете подобри секој ден. Јас сум на тој пат, тренирам, се подобрувам. Тоа е клучот што ги постигнавт тие досегашни голови. Морате да имаме „чувство“ кога ги изведувате тие слободни удари. Како помлад пред тренинг, земав 10 топки и шутирав. И со искуство, подобро и подобро. Како дете го гледав Кристијано Роналдо додека беше во Манчестер Јунајтед. Тие удари не ми помагаа многу, бидејќи или ќе биде одличен гол или една голема утка. Но, се случува еднаш или двапати во сезоната. Мислам дека мојот удар е подобар, бидејќи тој секогаш оди кон голот".

-МИНАТАТА ГОДИНА САМО ЕДЕН ГОЛ БЕШЕ ЗАД МЕСИ ЗА НАЈДОБАР ИЗВЕДУВАЧ НА СЛОБОДНИ УДАРИ. УБАВ ПРЕДИЗВИК, НЕЛИ?-

„Да, убав предизвик. Тој податок ми дава многу мотивација. Да се биде заедно со Меси ве тера да продолжите да работиме и напредувате. Не само во слободните удари, туку и во сите фудбалски сегменти".

Најново во Фудбал