Италијанците со највисока оценка за нашиот голгетер

Трајковски е најдобар играч во Серија Б по првите четири кола!

Специјализираниот веб-портал за италијански фудбал, Tuttomercatoweb, го оцени нашиот голгетер со просечна оценка 7,25 за настапите во првите 4 кола, што го прави убедливо најдобар фудбалер во целата Серија Б лига.

објавено: 25 септември 2018 - 10:29

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е најдобар играч во италијанската Серија Б по четири кола на стартот на сезоната. Во изборот на специјализираниот веб-портал за италијански фудбал, Tuttomercatoweb, нашиот голгетер има просечна оценка 7,25 за настапите во првите 4 кола што го прави убедливо најдобриот играч во новата сезона од Серија Б лигата. Трајковски отвори со 3 гола на досегашните 4 меча, а имаше и две извонредни асистенции.

Вториот македонски интернационалец во дресот на Палермо, Несторовски, блесна во минатото коло, но засега не успеа да избори место во ТОП 20 листата на најдобри играчи во Серија Б оваа сезона. Зад Трајковски засега се наоѓаат фудбалерот на Цитадела, Палеари со просечна оценка 6,75 и алфонсо од Бреша кој има просечна оценка за првите четири кола, 6,63.

Најново во Фудбал