СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР НА ЛЕВАНТЕ ТВРДИ

Тито: Новиот договор на Барди е завршена работа, се чека само потписот! (ФОТО)

Спортскиот директор на Леванте, Висенте Бланко „Тито" во интервјуто за Радио МАРКА Валенсија, изјави дека позитивни биле разговорите меѓу сите страни и недостасува само потписот на македонскиот репрезентативец за нов договор со шпанскиот клуб.

објавено: 10 октомври 2018 - 16:52

Во последниот натпревар од Примера Енис Барди го привлече вниманието со неговиот спектакуларен гол од слободен удар од скоро 30. метри за победа на Леванте на гости кај Хетафе (0:1).

И претходно се најавуваше околу продолжување на соработката со нашиот интернационалец, но сега со овој погодок, прв оваа сезона, дефинитивно се очекува наскоро да биде официјализиран новиот договор со Леванте.

Официјалниот „Твитер" профил на шпанската Ла Лига го препознава Барди како вистински специјалист за слободни удари (6 голови/22 обиди, 27,27% реализација).

23-годишниот македонски репрезентативец има важечки договор со клубот до 30. јуни 2020. година со опција истиот да биде продолжена на уште две години. Како што велат информациите има и ослободителна клаузула од 25 милиони евра.

Најново во Фудбал