Апелациската комисија на Африканската фудбалска конфедерација ја поништи дисквалификацијата на египетскиот прволигаш Исмаили и го врати тимот во групите од африканската Лигата на шампиони.
Тимот предводен од македонскиот стратег Чеде Јаневски, беше дисквалификуван од турнирот минатиот месец откако навивачите на тимот го прекинаа натпреварот со тунискиот состав ФК Африкан. Тимот беше исфрлен од натпреварите, а резултатите му беа поништени поради тоа што навивачите на тимот, фрлаа камења и шишиња по судиите и играчите на противничкиот тим.
Камерунскиот судија Алиум беше принуден да го заврши натпреварот предвреме, а апелациоската комисија ја прифати жалбата на Исмаили и го врати во натпреварувањето, затоа што вели дека навивачите во ниту еден момент не упаднале на теренот, а нападите на не биле насочени директно кон гостинскиот тим.