МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ БЛЕСНА ВО ПОБЕДАТА НАД КОЊАСПОР

СВЕТСКО, А НАШЕ: Елмас испиша историја во дресот на Фенербахче! (ФОТО)

Изминатиот викенд се прослави донесувајќи му важен триумф на Фенербахче во најсилната турска лига против Коњаспор (0-1) и на тој начин се прекина низата од три порази.

објавено: 17 септември 2018 - 12:16

Елиф Елмас добива пофалби од сите страни, секако среќен нашиот интернационалец поради деби голот, но уште порадосен што неговата екипа се врати на победничките патеки.

Информациите велат дека Елмас е најмладиот играч кој постигнал лигашки погодок за Фенербахче од 1988. година.

На тој начин влезе во историјата на клубот како најмлад фудбалер кој постигнал гол во турската Суперлига и тоа на 18 години, 11 месеци и 28 дена.

Најново во Фудбал