ОСМИ ПОГОДОК НА МАКЕДОНЕЦОТ СЕЗОНАВА

Шмекерски гол на Велкоски (видео)

Сараево ја победи Звијезда 09 со 3:1, а македонскиот репрезентативец ја погоди противничката мрежа за 2:1

објавено: 25 ноември 2018 - 16:47

По пола час игра паднаа првите три гола. Почна со голот на Татар, Звијезда бргу изедначи меѓутоа Крсте Велкоски го врати водството за Сараево во 26 минута. Македонскиот репрезентатовец одлично реагираше пред голманот Ериќ и ја затресе неговата мрежа. Осум минути подоцна Сарајево веќе водеше со 3:1 со погодокот на Ахметовиќ. Велкоски играше до 73 минута кога беше заменет о Халиловиќ. Бордо тимот е прв со 40 бодови пет повеќе од вториот Зрињски.

Велкоски е на четвртото место на листата на стрелци во премиерлигата на БиХ со осум погодоци. Билбија од Зрињски е лидер со 14.

 

Најново во Фудбал