НА ПОТЕГ Е НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Сараево го „притиска" Велкоски за нов договор...

На Крсте Велкоски договорот со „бордо" тимот му истекува во јуни, но есенскиот првак во БиХ сака уште зимава да потпише нов со нашиот репрезентативен напаѓач.

објавено: 21 декември 2018 - 12:00

Крсте Велкоски, иако има понуди од други клубови, сепак најверојатно зимава ќе потпише нов договор со Сараево. Имено челниците на „бордо" тимот не сакаат така лесно да се откажат од својот капитен и најдобар играч, еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата на БиХ. Велкоски се уште има важечки договор со Сараево кој му истекува во јуни, но клубот посакува уште зимава да потпише нов со кој ќе го „врзе" својот најдобар фудбалер уште некоја сезона.

Сараево се бори за титулата, Сараево сака одново да ја врати својата стара слава и тоа без Велкоски тешко дека ќе оди, посебно ако се знае дека Македонецот е миленик на фановите на тимот од „Кошево". Познато е дека Велкоски има понуди од други клубови, но позната е и неговата „тајна врска" со Сараево.

Најново во Фудбал