НАШИОТ МЛАД ТАЛЕНТ ДОБРО СЕ ВКЛОПУВА НА МАЛТА

Сан Гван верува во Петар Канзуров (ВИДЕО)

Младиот и талентиран играч за врска и во новата сезона ќе настапува на Малта откако потпиша професионален договор со екипата на Сан Гван.

објавено: 14 септември 2018 - 12:04

Младиот и перспективен Петар Канзуров (19), веќе извесен период е дел од шампионатот на Малта, а сега стана дел до тимот на Сан Гван за кого потпиша професионален договор.

Екипата е дел од најсилниот шампионат, на оваа земја, која од фудбалски лилипутанец полека но сигурно се искачува на квалитативната скала.

Канзуров е е дете на Металург, и во последните денови на овој клуб, како прволигаш, односно второлигаш забележа сениорски настапи на исклучително млада возраст.

Потоа се пресели на Малта, каде што еве ќе се обиде кариерата да ја одведе на едно сосема ново ниво. Сан Гван е амбициозен клуб во кој тој ќе има можност да напредува во секој поглед, а со оглед на неговите 19.години во моментов, секако дека со добри игри да биде сметан и за потенцијален македонски младински репрезентативец.

Вреди да се напомене дека неговите игри во минатата сезона оставиле белег во Малта за што говори и новиот договор, но и желбата на луѓе од федерацијата на оваа земја чии што селектори во младите селекции ја отвориле темата и можноста талентот од Македонија да настапува за нивните селекции.

Најново во Фудбал