НАШИТЕ СТРАТЕЗИ НА НАЈНОВАТА „COACHWORLDRANKING“ ЛИСТА

Само Ќато и Чеде меѓу најдобрите 1.000 тренери во светот!

Само две имиња се појавуваат на оваа листа од нашите тренери. Тоа се Ќатип Османи, кој на најновото рангирање се најде на 664 место, додека Чеде Јаневски е на 886 место

објавено: 17 јануари 2019 - 16:15

По подолго време, повеќе од шест месеци, Ќатип Османи не е единствен наш тренер кој се наоѓа меѓу најдобрите 1.000 тренери во светот според престижната „COACHWORLDRANKING" листата. Имено на најновото рангирање него му се придружи Чеде Јаневски, кој пред неколку недели го презеде клубот Исмаили од Египет. Екс селекторот на Македонија сега се наоѓа на 886 место во светот. Веднаш да напоменеме дека на оваа листа не се рангираат селекторите на националните држави.

Ќатип Османи, стратегот на Шкендија и натаму е најдобро рангираниот тренер од Македонија. Предводникот на нашиот шампион сега се наоѓа на 664 место, што е пад од 55 места во однос на последното рангирање.

Најново во Фудбал