Стивна бурата во таборот на лавовите

Ристовски одигра цел меч, Спортинг рутински ја победи Фереира

Спортинг Лисабон ја продолжи трката за титулата во Португалија и покрај потресите во клубот и кавгата на реалција претседател - играчи. Вечерва „лавовите“ од Лисабон со победа од 2:0 ја стивнаа бурата во клубот, за кој против Пасош Фереира цел меч одигра и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски

објавено: 8 април 2018 - 23:17

Спортинг Лисабон ја продолжи трката за титулата во Португалија и покрај потресите во клубот и кавгата на реалција претседател - играчи. Вечерва „лавовите" од Лисабон со победа од 2:0 ја стивнаа бурата во клубот, за кој против Пасош Фереира цел меч одигра и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По подолг период Ристовски беше стартер за Спортинг, екипа која играше со Пасош Фереира, а повеќе мислеше на реваншот со Атлетико Мадрид во четврток. Домаќините победија и сега поведро го чекаат гостинот од Мадрид, од кого го загубија првиот четвртфинален меч во Европа Лигата со 0:2.

Најново во Фудбал