ПАДНА ФАВОРИТОТ ПО 11. КОЛА ВО УНГАРИЈА

Прв пораз за Ференцварош и Спировски

Екипата на нашиот репрезентативец, Стефан Спировски, беше сопрена од Пушкаш Академија (0:1).

објавено: 20 октомври 2018 - 21:22

Непријатно изнденадување направи лидерот во првенството на Унгарија, екипата на Ференцварош.

Тимот за кој сите 90.минути ги одигра нашиот репрезентативец Стефан Спировски, неочекувано загуби на гостувањето кај Пушкаш Академија со минимални (0:1).
Единствениот погодок на овој меч беше дело на Хегедуш уште во 21.минута од дуелот, доволен за прв пораз на фаворитот од Будимпешта во 11.одиграни кола.
Сепак, Ференцварош останува лидер на табелата во шампионатот на Унгарија, со 24. освоени бода, има четири повеќе во однос на Хонвед и Мол Види на неговиот репрезентативен соиграч Бобан Николов, кој има 18 бода, но и натпревар помалку.

Најново во Фудбал