ПРВИЧНИТЕ ПРОГНОЗИ НЕ СЕ ДОБРИ

Проблем за Палермо, Несторовски три до четири недели во „аут“

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски по половина час игра против Цитадела поради повреда мораше да го напушти мечот. 

објавено: 18 април 2018 - 09:11

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски по половина час игра против Цитадела поради повреда на задната лоша на десната нога мораше да го напушти мечот. Според првичните прогнози капитенот и најдбриот играч на тимот од Сицијлија ќе мора да паузира од три до четири недели. 

Ова е голем удар за Палермо, кој по вчерашното реми (0-0) ја загуби третата позиција на табелата во Серија Б, која носи директно место во најдобрата италијанска лига. Пред тимот на Несторовски и Трајковски е Фросинене кој има 62 бода односно два бода повеќе од Палермо, лидер е Емполи.

Доколку прегледите ги потврдат првичните прогнози, Несторовски ќе ги пропушти дуелите со Авелино, Венеција, Бари и најверојатно Тернана. 

Најново во Фудбал