РАДОСТ НА ТРИБИНИТЕ НА ДУЕЛОТ ВО ТУРСКАТА СУПЕРЛИГА

Прекрасно и клучно додавање на Елмас за водство на Фенербахче! (ВИДЕО)

Фенербахче досега има лоша сезона во најсилниот турски шампионат, а така продолжи и во својот 16. натпревар против екипата на Ерзурум..

објавено: 17 декември 2018 - 18:31

Фудбалерите на Јанал мораат што поскоро да освојуват бодови, да не се најдат во битка за опстанок, во 18. минута дојдоа во позитива преку Ају.

Најпрвин прекрасно и клучно додавање имаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој убаво го пронајде Чилеанецот Исла, а овој асистираше до интернационалец од Габон, Ају, за водство од 1:0. После 28. минути игра Фенер веќе имаше 2:0 и откако зголеми Шкртел по корнерот на Валбуена.

Но, и покрај таквата предност, истата ја испуштија домаќините, односно нивните противници успеаја да дојдат до бод. На табелата и понатаму Фенербахче е во опасната зона за испаѓање на претпоследната 17. позиција, а во наредното првенствено коло ќе игра против седмопласираниот Анталијаспор на гостински терен.

На видеото можете да го последнете првиот гол на Фенербахче во кој свој придонес имаше и нашиот Елмас...

Најново во Фудбал