НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Пандев во Топ 5 финалисти за најдобар гол во Италија (ВИДЕО)

Во минатата сезона, поточно годинава на 23. април во најдобрата италијанска лига на домашен терен составот на Џенова со 3:1 успеа да триумфира над екипата на Верона.

објавено: 28 ноември 2018 - 17:45

На тој меч при резултат 2:1 за домаќините конечниот епилог го постави Горан Пандев со еден прекрасен лоб удар во самиот финиш од средбата (90+3).

Токму тој погодок на македонскиот репрезентативец беше номиниран од страна од италијанската Асоцијација на фудбалери и „Гран Гала де Калчо" (во соработка со „Скај Спорт" во изборот за најдобар гол за минатата сезона (2017/2018).

Во Милано на осмото издание на „Гран Гала" на 3. декември ќе се дознае официјално кој го има најубавиот погодок...Во 5 финалисти се наоѓаат Горан Пандев (Џенова), Алберто Брињоли (Беневенто), Сусо (Милан), Запата (Сампдорија) и Мауро Икарди (Интер) кои заедно собраа 31.846 гласови.

КАКО ГЛАСАА ФАНОВИТЕ, МОЖЕТЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Фудбал