НАВИВАЧИТЕ НА ИНТЕР НЕ ГО ЗАБОРАВААТ НАШИОТ ФУДБАЛЕР

Пандев со овации испратен на „Џузепе Меаца“! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 11. коло во Серија А, Интер е домаќин на Џенова, после 49. минути игра „неро-аѕурите" веќе водеа со 3:0.

објавено: 3 ноември 2018 - 16:23

Веднаш после третиот гол на домаќините, во 51. минута теренот го напушти македонскиот репрезентативец кој беше бурно поздравен на „Џузепе Меаца", сите на нозе со аплаузи за својот поранешен миленик.

Горан Пандев своевремено ги бранеше боите на Интер, постигнувајќи ги своите најголеми успеси во кариерата, освојувајќи трофеи во Серија А, ЛШ, Светско клупско првенство, Купот и Суперкупот на Италија.

Исто ова се случи и во 2016. година кога на „Џузепе Меаца" исто така го поздравија Пандев како член на Џенова.

Најново во Фудбал