ГОЛ ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО ВО СЕРИЈА А

Пандев погоди и против Торино, ја заврши сезоната со пет гола

Македонскиот интернационалец во дресот на Џенова ја затресе мрежата на Торино во последното коло од италијанската Серија А, но неговиот тим ги загуби бодовите.

објавено: 20 мај 2018 - 17:26

Горан Пандев ја заврши сезоната во италијанската Серија А со пет голови. Попладнево македонскиот репрезентативец го погоди голот на Торино, но неговата Џенова го изгуби дуелот со 1:2. Пандев влезе на почетокот на второто полувреме и даде гол во 80 минута за ублажување на поразот. Џенова иако е во серија од четири едноподруго порази, веќе го обезбеди опстанокот.
Пандев сезонава погодуваше против Торино, двапати против Верона, Интер и Лацио. Посебно убав беше оној против Верона со лоб удар по кој неговиот тим победи и го осигура местото во Серија А.
Исто така македонскиот капитен бележи подобрување во однос на претходната сезона. Минатата сезона за Џенова реализираше три погодоци.

 

Најново во Фудбал