Младиот голман Борјан Панчевски е нов член на српскиот прволигаш Динамо Врање. Како што потврдија од клубот, тој и официјално е член на моментно последнопласираниот тим во српската Супер лига.
Панчевски е голман кој потекнува од школата Форца, а во својата кариера бранеше и за Работнички, Македонија ЃП и Тетекс. Тој веќе извесен период е со екипата, тренираше, по што и официјално го потврди трансферот.