Нашиот репрезентативец уште 2 години во Леванте

ОФИЦИЈАЛНО: Барди потпиша нов договор со Леванте до 2022 година!

По фантастичното преставување во минатата и одличното отворање на оваа сезона, нашиот репрезентативец реши да ја продолжи верноста кон клубот од Валенсија до 2022 година

објавено: 23 октомври 2018 - 16:16

Најавите се остварија. Енис Барди потпиша нов договор со шпанскиот прволигаш Леванте. По фантастичното преставување оваа минатата и одличното отворање на оваа сезона, нашиот репрезентативец реши да ја продолжи верноста кон клубот од Валенсија до 2022 година.

Новиот договор на Барди е во перио од 2 години, откако сега актуелниот требаше да му заврши во 2020 година. Како клаузула во новиот договор има и опција за продолжување и на оваа соработка за дополнителни две години. 

Нашиот играч за врска во својата прва сезона стана еден од најдобрите напаѓачи на каталонскиот тим со девет гола во Ла Лига. 23-годишниот наш интернационалец досега одигта 38 официјални натпревари за Леванте, постигнуваќи 10 гола.

Најново во Фудбал