ТРЕНЕРОТ ГУСТАФСОН Е СВЕСЕН ЗА ГОЛЕМАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Норчепинг очекува Митов Нилсон да остане, но и биде здрав за 2019!

Тренерот на Норчепинг, Јенс Густафсон очекува играчите кои имаат договори да останат во клубот кој стана вицешампион во најсилниот шведски фудбалски шампионат, зад АИК.

објавено: 13 декември 2018 - 12:43

Македонскиот голман посакува и осма сезона да биде во редовите на Норчепинг и покрај тоа што подолг период беше надвор од терените поради повреда. Во 2015. година имаше најмногу настапи, вкупно 30 првенството, па сериозно беше повреден на почетокот од 2017-та.

Изминатото лето беше на клупата, но не успеа да се избори за место во стартниот состав во конкуренција на Исак Петерсон.

И претходно беше објавено дека остана без ниту еден настап сезонава, вкупно 14 пати на клупата за резервни играчи. ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Тој истакна дека ако нема минутажа и не се придонесува во неговиот развој како професионален голман, тогаш ќе бара други алтернативи, но секако ако тоа го дозволи Норчепинг, иако не ни размислува за трансфер во друг клуб.

Тренерот Густафсон се надева дека во 2019. година во најдобра здравствена состојба ќе биде Митов Нилсон.

„Задоволни сме што имаме квалитетни голмани и имаме голема конкуренција. Во текот на годината Митов неколку периоди беше отсутен, секој би бил среќен ако во наредната сезона биде здрав, да се врати на потребното ниво на кое може да биде. Воедно очекувам играчите што се под договор да останат во клубот", рече Густафсон.

Да додадеме уште дека 27-годишниот чувар на мрежата има важечки договор со Норчепинг до 31. декември 2019. год.

Најново во Фудбал