НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ МУ ГОСТУВА НА ГИГАНТОТ

Николов вечерва на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи

Во рамките од 2. коло во групната фаза во Лигата на Европа, шестмина наши интернационалци вечерва играат за своите екипи. Бобан Николов со својот МОЛ Види му гостува на славниот Челзи.

објавено: 4 октомври 2018 - 14:30

Бобан Николов вечерва ќе истрча на теренот на славниот „Стемфорд Бриџ", каде со својот МОЛ Види ќе му гостува на Челзи, еден од најголемите клубови во светот, не само во Англија. Овој меч се игра во рамките од 2. коло во групната фаза во Лигата на Европа.

Кога сме кај Челзи и „Стемфорд Бриџ", во последно време од нашите интернационалци кои играа евро натпревари на гости кај Челзи тоа беа Горан Пандев (Интер) и Агим Ибраими (Марибор).

„ДИЈАМАНТОТ" ЈА ДОЧЕКУВА ТРНАВА

По оној дебакл во првото коло вво Загреб од Динамо, Елиф Елмас и Фенербахче го дочекуваат тимот на Трнава. Се разбира дека се очекува уште еднаш „дијамантот" да добие шанса како стартер. И се разбира дека фановите на турскиот гигант очекуваат добар настап и победа на Фенер.
Стефан Ристовски со својот Спортинг Лисабон ќе му гостува на тимот на Ворксла. Нема дилеми дека лисабонските „лавови" се големи фаворити на овој меч, а ние очекуваме уште една добра партија на репрезентативниот десен бек.

ТРИЧКО НА ГОСТИ ВО ЛЕВЕРКУЗЕН

Иван Тричковски и Даниел Мојсов се среќаваат со Баер и тоа во Леверкузен. АЕК Ларнака, тимот на двајцата Македонци во кипарскиот тим е во добра форма, тоа го искажа во Супер Купот на Кипар каде дојде до трофејот. Се очекува и двајцата да бидат стартери во составот на АЕК Ларнака.
И на крај Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб гостува во Брисел, кај Андерлехт. По оние три стартни бода освоени со Фенер, „модрите" и нашиот Адеми очекуваат добар резултат, и бод веројатно им одговара. 

Најново во Фудбал