ДЕСНИОТ БЕК СЕ ПРЕСЕЛИ ВО ЛЕТОНИЈА

Незири промовиран во Вентспилс

Меџит Незири стави потпис и беше промовиран во еден од најдобрите клубови во Летонија

објавено: 20 јуни 2018 - 20:29

Меџит Незири, сега веќе екс фудбалерот на Ренова, својата кариера ќе ја продолжи во Летонија, во тимот на Вентспилс. По кусите преговори тој стави потпис на договорот и веднаш беше промовиран во новиот клуб.

„Секако дека сум задоволен, ова за мене е втор пат да правам трансфер надвор од Македонија. Задоволен сум од условите и секако се надевам дека ќе ја оправдам довербата на луѓето од Вентспилс" - изјави Незири за „Спортмедиа".

Незири досега има играно за Шкендија, Дачија (Молдавија) и Ренова.

Најново во Фудбал