НА ДОМАШЕН ТЕРЕН БЕШЕ СОВЛАДАНА СЛОБОДА (1-0)

На врвот во БиХ: Велкоски за 10 триумф на Сараево! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 14. коло во најсилното првенство на Босна и Херцеговина составот на Сараево дома со 1:0 успеа да ја совлада екипата на Слобода.

објавено: 20 октомври 2018 - 19:01

Ова беше вкупно 10. триумф на Сараево за моментно прво место на табелата со 33 бодови, пет повеќе од второпласираниот Железничар.

Најзаслужен за денешните три бода на домаќините беше македонскиот интернационалец Крсте Велкоски од пенал во 61. минута од средбата на Стадионот „Ашим Ферхатовиќ Хасе".

Ова е вкупно шести гол за нашиот играч во босанскиот шампионат, претходно стрелаше двапати со Младост Добоњ Какањ и уште еднаш на дуелите против Радник Бијељина, Зрињски и Слобода Тузла.

Најново во Фудбал