Трето коло од уефа европа лига купот

Мол Види и Николов ја искачија „Тумба“

Унгарскиот претставник реализираше два гола уште во првото полувреме на мечот одигран на солунската „Тумба", доволно за големи три бода. Бобан Николов влезе во игра во 79.минута од играта.

објавено: 25 октомври 2018 - 22:56

Бобан Николов почувствува како е да се игра во Солун, и тоа на познатата „Тумба". Гостувањето на неговито Мол Види заврши успешно затоа што е совладан еден од фаворитите во групата од УЕФА Лигата на Европа со (2:0).
Сите дилеми Унгарците ги симнаа во првото полувреме. Во 12.минута резултатот го отвори Хури, а на истекот на првото полувреме погоди и Стопира за удвојување на предноста, која гостите од Унгарија ја одбранија во вторите 45.минути.

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе во игра во 79. минута (го замени Бугаринот Миланов).

Ова беше прва победа за Николов и соиграчите во оваа групна фаза со која остануваат во трката за второто место. Првото е веројатно резервирано за Челзи кој вечерва го совлада БАТЕ со 3:1 и има максимални девет бода во „Л“ групата.

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО: Милан – Бетис 1:2, АЕК Ларнака – Лудогорец 1:1, Андерлехт – Фенербахче 2:2, Дуделанж – Олимпијакос 0:2, Копенхаген – Славија Прага 0:1, Карабаг – Ворскла 0:1, Лајпциг – Селтик 2:0, Салцбург – Росенборг 3:0, Спартак Т – Динамо Загреб 1:2, Зенит – Бордо 2:1, Цирих – Баер Леверкузен 3:2, Бешикташ – Генк 2:4, Челзи – БАТЕ 3:1, Јаблонец – Астана 1:1, Марсеј – Лацио 1:3, ПАОК- Мол Види 0:2, Ренџерс – Спартак М 0:0, Рен – Динамо Киев 1:2, Сарпсборг – Малме 1:1, Севиља – Акхисар 6:0, Лиеж – Краснодар 2:1, Виљареал – Рапид 5:0;

Најново во Фудбал