ДОСЕГА ИМА ТРИ ГОЛОВИ НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО ПОРТУГАЛИЈА

Митровски фантастично ја најави голеадата на Спортинг Лисабон! (ВИДЕО)

Во седмото коло од португалското првенство за играчи до 23. години, составот на Спортинг Лисабон на домашен терен со 4:1 успеа да го совлада Портимоменсе.

објавено: 26 септември 2018 - 09:30

Голеадата ја најави македонскиот репрезентативец кој на еден прекрасен начин со глава во 12. минута донесе водство од 1:0.

Претходно Митревски за својот тим имаше уште по еден погодок во победите против Академика (1:5) и Сетубал (4:5).

Во вториот дел трите бода ги потврдија Луис и Марко Тулио, овој вториот двапати се запиша во листата на стрелците.

На табелата после четвртата победа сезонава У23 Спортинг е на третото место со 13 бодови, три помалку зад лидерот Бенфика.

Најново во Фудбал