ЕКС СЕЛЕКТОРОТ НОСИ МАКЕДОНЕЦ ВО НОВИОТ КЛУБ

Милевски го носи Маркоски во Ашдод

објавено: 14 мај 2018 - 15:30

Благоја Милевски во иднина ќе биде тренер на изралескиот тим Ашдод, а по се изгледа таму со него ќе биде и напаѓачот Кире Маркоски. Екс младинскиот репрезентативец и сега веќе екс селекторот на У21 селекцијата одлично се познаваат соработуваа долго време во оваа селекција, па очигледно дека Милевски смета дека Маркоски е идеалното засилување за неговиот нов тим.

Како што е познато, Милевски ја прифати понудата да го води израелскиот тим каде патем мина дел и од својата играчка кариера, па секако дека управата на клубот ќе му исполни некоја од елбите за засилувања. Изборот по се изгледа ќе падне на Маркоски кој сеуште е дел од тимот на Работнички. Доколку се оствари овој трансфер, ова за Маркоски би бил првиот интренационален предизвик.

Тој беше дел од европското првенство во Полска, имаше одлични настапи во квалификаициите, како и на клубски план за Работнички, па очигледно дека подобар момент за интернационален трансфер веројатно и не може да има за него.

Најново во Фудбал