МАКЕДОНСКА ПОДДРШКА ЗА КАПИТЕНОТ

Масев и Јовчев на гости кај Пандев (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев на утрешниот дуел меѓу Џенова и Киево ќе има поддршка од спортскиот директор и тренерот на голманите 

објавено: 25 септември 2018 - 22:12

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев на утрешниот дуел меѓу Џенова и Киево ќе има поддршка од спортскиот директор, Дени Масев и тренерот на голманите, Гого Јовчев. 

Пандев за единствениот спортски весник кај нас „СПОРТ“ откри дека планира да се повлече од активно играње на фудбалот и најави интерес за претседателското место во ФФМ, што пак внесе голем немир кај останатите кандидати за престолот во федерацијата.

Нашиот најдобар фудбалер посакува со репрезентацијата успех во Лигата на нации, која Македонија ја отвори со две победи, а октомври ја очекуваат средбите со Лихтенштајн и Ерменија. 

Најново во Фудбал