Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Турција. Според најавите, Маркоски ќе го стави својот потпис за тимот на Алтај од Измир, кој се натпреварува во втората лига во Турција.
Инаку Маркоски во изминатиот период се споменуваше и како ново име во израелскиот Аждод, каде што нов тренер ќе биде Благоја Милевски, но сепак веројатно дека негова следна дестинација, ќе биде Турција.